Видео- скопската населба Ченто е под вода

loading...

По обилните врнежи од дожд попладнево, кои веќе три дена се најавени од УХМР, ситуацијата во скопската населба Ченто, општина Гази Баба е алармантна.

Улиците се целосно поплавени, водата навлегува во дворовите на жителите кои стравуваат за своите домови.

Велат им останува само да се надеваат дека нема да се повтори август 2016 година.

Имаат ли Скопје и скопските општини градоначалници? Жителите се револтирани и наведуваат дека локалните власти и по сите најави за невремето и поројните врнежи, останале глуви и не преземале ништо.

Велат никој од надлежните и општинските власти не е излезен на терен за ја види состојбата и да преземе било какви мерки.

 

Translate »