Британски отровен подарок за Македонија-Сторија на “Гардијан” која објаснува од каде e загадувањето во Скопје

Владата на Велика Британија и обезбедила Македонија инсенератор (печка за согорување на медицинскиот отпад) за согорување на отпадот кој би бил нелегален според законодавството на Велика Британија поради токсични емисии.

Согорувачот за медицински отпад во депонијата „Дрисла“, кој пред 16 години како хуманитарна помош ѝ бил доделен на Македонија од британската Влада и кој не е по стандардите на ЕУ, сè уште работи во скопската депонија, потврдуваат од Град Скопје и од Министерството за животна средина.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат оти се свесни дека согорувачот не ги исполнува стандардите. Тие најавуваат дека ќе постават нов, но не знаат кога, Град Скопје, пак, ја чека одлуката на Уставниот суд околу стопанисувањето со „Дрисла“ за потоа да се посвети на набавка на нов согорувач, согласно еколошките стандарди.

„Британскиот инсенератор за согорување на отпад е обезбеден како хуманитарна помош и се користи во близина на главниот град на Македонија Скопје. Ако земјата се приклучи на ЕУ, како што се надева дека ќе направи, инсенераторот ќе мора да се затвори, бидејќи претставува закана за локалното население и ги крши стандардите за емисија на ЕУ, пишува во една студија британски Гардијан.

Во текстот се наведува дека инсенераторот е еден од малкуте предвидени за Балканот според упатствата на Светската здравствена организација (СЗО), од кои ниту еден не ги исполнува стандардите на ЕУ.

Адам Островски, експерт за управување со токсичен отпад ангажиран за Базелската конвенција, кој ја регулира меѓународната трговија со опасен отпад и потпишан од Велика Британија, вели „дека тоа е едно од најлошите парчиња нечист технолошки дампинг за кој е сведок во Источна Европа“.

Островски вели дека основната опрема е функционална, но недостига важен прилог за одржување на рамномерни температури или есенцијална опрема за чистење на отпадните гасови и за отстранување на токсините кои можат да предизвикаат рак и дефекти при раѓање.

„Јас навистина сум изненаден што британската влада се обврза на таква практика“, рекол тој. „Оваа технологија е забранета во Западна Европа, едноставно не е во ред да им ја даваме на Македонците, знаејќи дека ќе има токсични емисии и треба да се укине кога ќе влезат во ЕУ“.

Понатаму во текстот пишува дека Велевски, менаџер на Дрисла, државната компанија која управува со печката, рекол „дека не им е кажано оти чадот ќе му штети на здравјето на луѓето, од СЗО им рекле „дека деловите кои недостигаат не се потребни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти. За Македонија тоа се премногу пари.“

„Кога дознавме, побаравме од СЗО и рекоа дека деловите не беа неопходни за нас, но ако сакаме, би можеле да ги купиме за 200.000 фунти, тоа е премногу за Македонија“.

Како што пишува подолу Гардијан, за инсенераторот е платено 47 000 фунти  – еден со соодветно чистење на отпадни гасови би чинел три пати повеќе.

Филип Рушбрук од СЗО бил против опремата, но рекол: „Ова горење е многу подобро од алтернативата горење отпад во големи метални кутии кои произведуваат далеку полоши димни гасови и можни болести“.

Тој признал дека печката за горење на отпад ги прекршила одредбите на ЕУ, но додал: „Можеби не сме успеале да најдеме пари за горење со напредна технологија. Ако го направивме тоа, Македонците можеби ќе немаа пари или експертиза за да управуваат со него.“

Г-дин Рушбрук додава дека Македонците изгледале многу задоволни во времето кога инсенераторот е инсталиран.

 

 

One thought on “Британски отровен подарок за Македонија-Сторија на “Гардијан” која објаснува од каде e загадувањето во Скопје

  • 13/02/2018 at 12:27 pm
    Permalink

    Za kakvi sve gluposti iznadadoa pari nasive vlasti,a ne najdoa zashodno da platat eden filter za procistuvanje na tie gasovi od peckata,nemale pari,bog da ne cuva be,pa sto ima povazno od naseto zdravje ,vi se molam..

Comments are closed.

Translate »