Татјана Александровна(Лунарна) – Веќе ретко кој молчи
Татјана Александровна за последните случувања во театарот и нашето општество
[perfectpullquote align=”full” bordertop=”false” cite=”” link=”” color=”” class=”” size=””]
Во сево ова лудило и хаос, се’ почесто ми паѓа в очи една интересна ситуација. Факт неоспорен е дека минатата влада создаде грозна атмосфера на страв од слобода на говор и гласно искажување став. Сте забележале дека најчестата критика кон оние кои сега креваат глас е токму она: “А кај бевте овие 11 години да се буните против неправдите?” Е, кај беа де? Беа… се плашеа луѓето да зуцнат. Сега се подопуштија, им се смачи да потиснуваат мисли. Се охрабрија и тоа е за поздрав. Е, арно ама, овие што дојдоа, прават аматерски грешки кои скапо ќе ги чинат токму затоа што сега, веќе ретко кој молчи. Излегуваат на површина вистините и она што ми се допаѓа, полека се губи онаа строга поделба на партизирани страни. Ги има, ама се’ помалку во однос на оние кои искажуваат различно мислење по различно прашање. До скоро немаше промашување кој која страна држи, е, сега има. Ова со притворот на дел од Тврдокорните покажа нова ситуација на терен. Во нивна одбрана застанаа и шарени и секакви. Зашто почувствуваа дека играта е ептен прљава. Никој не рече дека не треба да одговараат, скраја да е, ама на мноштвото му падна криво што се постапува селективно. За едни мајка, за други маќеа. Или за ова од синоќа, со глумциве. Секој различно гледа на случката, некој ги брани, некој не, ама ретко кому му се допадна тонот со кој Дац им се обрати на актерите дека не биле умни и не го послушале и дека ќе ги казни. Упс, полецка дечки. Тој речник сталинистички си отиде со претходната гарнитура. Сега веќе никој не стои сус пред претпоставени. И токму така и треба да биде.[/perfectpullquote]
Превзeмено од фб статусот на Татјана Александровна (Лунарна)