Kолку години затвор им се заканува на Мијалков и останатите обвинети во „Титаник 2“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да биде објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, кој се однесува за изборните нерегуларности што се случија на локалните избори во 2013 година.

Во „Титаник 2“ на СЈО обвинети се лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Првото рочиште за овој предмет се одржа на 24 април 2018 година.

Случајот го води судијата Огнен Ставрев.

Ова ќе биде прва пресуда од четирите активни обвиненија за Мијалков. Тој е обвинет во случаите: „Таргет-Тврдина“, „Тортура“, „Трезор“, а осомничен е во истрагата за „Империја“.

На поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков му се заканува најмалку една до максимални 5 години затвор поради изборните нерегуларности во 2013 година, на лидерот на ДПА Мендух Тачи, обвинет во предметот Титаник 2 на СЈО, му се заканува казна затвор од три до 15 години поради потикнување на службено лице да го прекрши законот. Мијалков е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а другите за злоупотреба на службената положба и овластување.

Јавната обвинителка Фатиме Фетаи во завршните зборови пред неколку недели побара осудителни пресуди за сите обвинети.

Translate »