Љупчо Георгиевски: додавка во името не значи промена на уставот

„Дефинитивниот компромис за името и евентуалниот позитивен исход од разговорите меѓу Грција и Македонија ќе значи целосно заокружување на македонскиот држaвен интегритет и целосно нејзино обезбедување во иднина. Решението на името не е само заради влез во НАТО и ЕУ, што е исклучително важна и континуирана надворешно-политичка ориентација. Нашата државност не е целосно заокружена ниту во ООН поради привремената референца ФИРОМ.  Ако спорот со името и понатаму остане отворен Македонија може да биде искористена како монета за поткусурување во најновиот судир меѓу Запад и Русија. Во овие големи геостратешки поместувања треба да се биде внимателен, и затоа е неопходно премиерот Заев да ја добие поддршката на целокупната домашна јавност за решавање на спорот.“

Во подолгото интервју за Фактор магазин на ТВ24, екс премиерот Љубчо Георгиевски потсети дека тој од 1998 година се залага за конечен компропмис со Грција.

„Сите досегашни разговори со посредство на медијаторот Нимиц се однесувале за името, без оглед различините предложени додавки – Горна, Северна, Нова Македонија. Најболното прашање е идентитетот. Но, самите тоа прашање го проблематизиравме со политиката на претходната Влада со антиквизацијата. Само да потсетам дека во седиштето на Обединетите нации  стојат синонимите Македонец и Македонски јазик“, рече Георгеивски.

Според Георгиевски шансите на успех во оваа рунда разговори за името се   50-50. (педесет-педесет) . Со одлуката на премиерот Заев  да бидат  преименувани автопатот и аеродромот и прифаќањето на географска одредница ја извлекува Македонија од дефанзивната позиција и манифестира решителни чекори за компропмис со Грција“ оцени Георгиевски.

Според екс премиерот и лидерот на ВМРО НП поради наши грешки Грците сега ги менуваат правилата на преговори, особено околу т.н. име за севкупна употреба.

„Атина ми се чини дека го злоупотребува прашањето на ерга омнес, зашто досега  тоа се сметаше дека новото име треба да биде само за меѓународна употреба, додека двете држави ќе имаат право да го корстат името Македонија за внатрешна употреба . Од тие причини и ерга омнес не значи промена на уставот“, оцени Георгеивски

Првиот претседател на ВМРО ДПМНЕ со јавна сугестија до новиот лидер на на најголомета опозициска партија.

„Мицкоски би требало да посакува премиерот Заев да го реши спорот, зашто жешкиот костен нему ќе му тежи, ако дојде на власт“.

Во интервјуто за Фактор магазин, не исклучи разговори околу негово враќање во ВМРО ДПМНЕ. Но, според Георгиевски важен услов е новата идеолошка матрица на најголемата опозициска партија.

 

Translate »