Блумберг анализа: Македонците ем најсиромашни ем купуваат најскапи возила

Истраживме колку чинат нови, а колку половни возила во регионот Адрија

Во БиХ 90 проценти од увезените возила се половни, во Македонија 70 проценти

Во земјава и мали автомобили се поскапи за 3.000 евра одошто во регионот

Македонија и Словенија се многу слични, речиси исти, според големината на територијата и бројот на население, но тоа се веројатно единствените параметри по кои се совпаѓаме со Словенците. По ништо друго не може да се мериме со економски најразвиената република од поранешната југословенска федерација, вклучувајќи го и животниот стандард, кој е барем за 2,5 пати повисок во „дежелата“. Тоа се гледа, меѓу другото, и по бројот на продадени нови возила минатата година.

Во 2024 година во Словенија се регистрирани 53.018 нови патнички возила, што е за 8,4 проценти повеќе на годишно ниво, велат бројките на Словенечката стопанска комора. Македонските граѓани, пак, купиле четири пати помалку нови возила одошто Словенците лани, односно само 13.168 увезени нови возила регистрирала Царинската управа.

https://e.infogram.com/127754c6-a72e-4bbd-854c-b20f6b3bf980?parent_url=https%3A%2F%2Fmk.bloombergadria.com%2Fpazari%2Ftrendovi-na-pazarot%2F73672%2Fmakedoncite-kupuvaat-najskapi-vozila-vo-regionot%2Fnews%2F&src=embed#async_embed

Во Словенија се продале убедливо најмногу нови возила во 2024 година во целиот регион Адрија, гледано во апсолутна бројка, освен во Хрватска, каде што се продале 63.806 нови возила. Но не треба да заборавиме дека Хрватска има речиси двапати повеќе жители од Словенија, така што во релативен однос Словенците убедливо водат.

Translate »