Ким Џонг-ун е мртов неговата сестра ќе ја преземе власта, се погласни се шпекулациите!
Џи Сеонг-хо, кој избегал од Северна Кореја и стана пратеник во јужнокорејскиот парламент, вели дека е 99 проценти сигурен дека лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун е мртов и дека неговата сестра ќе ја преземе власта.
Џи изјави дека бил известен дека Ким починал пред една недела и дека Пјонгјанг може да ги објави вестите во текот на викендот.
Според него, можно е во исто време да се објави дека сестрата на Ким, Ким Џo-Џонг е избрана за негов наследник.
Џи рече дека бил известен дека Ким починал минатиот викенд по кардиоваскуларната операција, пренесува лондонски Мирор.
Тој додаде дека Северна Кореја веднаш не ја објавила веста за смртта на нејзиниот лидер и прогласила период на жалост, бидејќи се соочува со комплицираното прашање на сукцесија.
Ким не е виден во јавноста од 11 април, кога претседаваше со состанокот на владејачката Работничка партија.
Шпекулациите за неговото здравје и за тоа каде се наоѓа се засилија откако не успеа да присуствува на роденденската прослава на Ким Ил Сунг, на 15 април, што е голем национален празник.
Светските медиуми оттогаш пишуваат дека здравјето на Ким Џонг-ун е нарушено и многумина шпекулираат дали тој е жив.
Во медиумите кружеа информации дека тој бил подложен на кардиоваскуларна операција и потоа бил во „вегетативна состојба“, но тие информации не беа официјално потврдени.
На социјалната мрежа „Веибо“ се појави фотографија на Ким во стаклен ковчег, но не е потврдено дали е автентична или е монтирана.