Никој не гледал тенис, сите „зјапале“ во неа: Ѕвездата од сајтовите за возрасни се појави на трибините на Австралијан опен, па ги засени присутните
За разлика од тоа со што се занимава во приватен живот и каква се појавува таму, Ванеса Сиера на трибините изгледала навистина убаво.
Бернард Томиќ на стартот на Австралијан опен играл против Јуичи Сугита, а од трибините го гледала неговата девојка, споменатата Ванеса – ѕвезда од сајтовите за возрасни.
Ванеса убедливо била најследената личност во карантинот на Австралијан опен која што не доаѓа од светот на тенисот, поради тоа што изминатите неколку седмици ги поминала со својот избраник во Мелбурн.
Од нејзиното доаѓање во карантинот, снимање провокативни и експлицитни содржини, до популарната изјава дека „сама не може да ја измие својата коса“… Имало уште многу работи кои што биле поврзани со неа, но карантинот е завршен, а Сиера сè уште е во центарот на вниманието.
Фотографите „се натпреварувале“ кој ќе направи подобра фотографија од неа додека таа е на трибините во текот на натпреварот на австралијанскиот тенисер со хрватско потекло и Јапонецот, а таа изгледала навистина прекрасно.
Погледнете повеќе фотографии од Ванеса: