Од утре граѓаните ќе можат онлајн да се пријавуваат за вакцинирање
Овие денови интензивно разговарам за транспортот на вакцините и датумот кога ќе пристигнат, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
Од утре ќе започне да функционира сајтот за пријавување за вакцинација, буквално секој граѓанин ќе може да се регистрира. Самиот систем ќе ги регенерира податоците за тоа кој први би бил повикан на вакцина, односно би му се дал приоритет. Пријавувањето се извршува само еднаш, изјави Филипче.