Трамп: Не ми можете ништо!

Претседателот на САД Доналд Трамп  на “Твитер”   објави дека нема основа за негово отповикување од власта , откако извештајот од истрагата на специјалниот обвинител Роберт Милер покажа дека нема докази за соработка со Русите или попречување на правдата .

Само големите злосторства можат да доведат до отповикување. Не сум извршил злосторства (не постои заговор, нема пречка за правда), па не можете да бидете затворорени (отстранети од функцијата). Демократите се оние кои го извршиле злосторството, а не вашиот републикански претседател. Ситуацијата се претвори во лов на вештерки, пишува американскиот лидер.

Минатата недела неколку демократи, меѓу кои и сенатор, побараа Трамп да биде отстранет од власт, преку покренување на инпичмент.

Translate »