Српски научник пронајде лек за рак
Српскиот научник Владимир Цмилјановиќ и неговата сестра Наташа пронајдоа лек за рак, пренесуваат деновиве српските медиуми.
Србија ќе биде земјата која заедно со Швајцарија прва ќе го добие лекот. Откритието на Цмилјановиќ и на неговата сестра предизвика револуција во класичното лекување на заболените од рак затоа што лекот „“бимиралисиб“, кој е прозвод на српскиот научник, се покажа ефикасен во борбата со одредени видови тумори како што е најагресивниот рак на дојка и ракот на лимфните жлезди. Освен тоа, супстанцијата која се наоѓа во лекот продира во мозокот, па постои надеж за третман и на одредени ракови на мозокот, додека типичната апликација во форма на крема или гел е ефикасна во брорбата со одредени тумори на кожата.
Поради ова откритие Цмилјановиќ стана планетарно признат научник, а неговите изуми ги призна целиот свет. Лекот „бимиралисаб“ ги уништува болните клетки, а ги штити здравите, додека класичната хемотерапија, која е ужасно болна, ги уништува и канцерогените и здравите клетки и со соборува инмунитетот на и онака исцепните пациенти. Моментално лекот е во втора фаза од испитувањето, а предвидени се три фази.
Покрај тоа, Цмилјановиќ руши и еден стереотип врзан за лечењето луѓе болни од рак, а тоа е дека во терапијата на болните од рак се вклучува посебна диета за да се убиваат канцерогените клетки, меѓутоа Цмилјановиќ на своите пациенти им советува да јадат здрава храна – од овошје до зеленчук и месо.
„И не само тоа. Професорот Луис Кентли од Харвард открива дека комбинацијата од нашиот лек и Аткинсоновата диета има подобри ефекти. Тоа сега во Америка се тестира на пациенти. Аткинсоновата диета подразбира јадење секаква храна, освен храна со многу шеќери и јаглехидрати како што се тестенините, колачи и торти“, вели Цмилјановиќ.
Според него, овој лек го користеле негови пациенти ширум светот, но и луѓе од БиХ и од Србија.
„Србија сигурно ќе биде првата земја заедно со Швајцарија која ќе ги добие сите наши изуми и лекови. Моментално интензивно работиме со нашата влада, претседателот, премиерката и министрите за нашите исуми понатаму да се унапредуваат во Србија и да имаат корист нашите пациенти. Државата е мотивирана и заинтересирана да ни помогне и сигурен сум дека ќе најдеме добро решение“ додава тој во интервју за српски Телеграф.
Цмилјановиќ вели дека не соработува со ниедна фармацевтска куќа, туку отворил своја компанија. „Нашите швајцарски ракети се нова технологија во борба против ракот, со кои сакаме буквално да ги истребиме поагресивните форми на рак. Србија и српските онколози ќе имаат голема улога во тоа“ порачува Цмилјановиќ.
Тој е роден во Крагујевац каде како тинејџер играл ракомет за јуниорската репрезентација. Започнал да студира хемија кога се случи бомбардирањето по што заминува во Германија и таму ги продолжува студиите. Таму го запознава швајцарскиот магнат, сопственик на фирмата “Давивов“ Ернс Шнајдер кој воедни бил и пвр човек на ракометниот клуб. Ми нуди финансирање на студиите за да го води клубот. Тој ја прифаќа понудата. На факултет запознава уште еден човек кој е заслужен за неговата денешна позиција, а тоа е професор Бен Гизе, еден од најдобрите светски хемичари чија сопруга се разболела од рак и тој сите ресурси ги насочил кон пронаоѓање лек за оваа болест. Заедно со Цмиљановиќ почнуваат да работат на нов ензим, на липидна киназа, со намера да го променат начинот на лекување на пациентите болни од рак. Цмиљановиќ заедно со неговата сестра Наташа, која исто така е хемичар, открива нова супстанца која е главен производ на неговата фирма Piqur.