3-годишен херој ја спасил својата мајка! Дете го сопрело насилниот татко, полицијата имала што да види
Тригодишниот син излегол од станот, тропнал кај соседите и им раскажал дека неговиот татко, кој се вратил дома пијан, ја тепа неговата мајка, пишува дневниот весник “Monza Today”.
Соседите повикале полиција, и во рок од неколку минути интервенирале карабинерите кои го затекнале пијаниот маж кој на нозе, со тупаници ја повредувал својата сопруга.
Таткото, кој според податоците на полицијата и пред овој случај имал забележани престапи, бил фатен на дело и правен во затвор.
Мајката на 3-годишното дете завршила на итна помош, а полицијата изјавила дека ова не е прв случај на малтретирање во семејството.
Според италијанскиот закон, лицето кое ги малтретира членовите на семејството ризикува казна затвор од три до седум години, а казната може да се дуплира ако актот на насилство биде изведен во присуство на малолетни лица.
Ако член на семејството малтретира малолетно лице, законот предвидува повисока казна, од четири до девет години затвор, а ако последица на агресијата е ранување на малолетно лице, казната е од седум до единаесет години.