Заев: Ако финансиската поддршка не стигне до работниците, компаниите „ќе добијат“ кривични пријави

Доколку финансиската поддршка од Владата не стигне до работниците, компаниите „ќе јадат“ кривични пријави како што вели народот, изјави претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во вечерашното интервју за Канал 5.

„Апелирам да на се повторат пропустите од претходниот период и работодавачите да ги почитуваат мерките и целта која сакаме да ја постигнеме. Освен тоа го стимулираме и враќањето на отпуштените работници и ако некоја компанија го направи тоа, ќе се стекне со правото да аплицира за оваа мерка, и јас ги повикувам да го направат тоа“, истакна премиерот Заев.

Translate »