Филипче: Утре ќе предложиме кафеаните да работат до 21 часот
Министерот за здравство Венко Филипче, за ТВ21 потврди дека утре до Владата ќе биде доставен предлог за затворање на кафеаните и угостителските објекти во 21 часот, наместо во 23 часот како што беше досега.
Ова денеска било потврдено на состанокот со владиниот кризен штаб, каде што било прифатено.
Оваа мерка доаѓа поради зголемениот број на случаи со коронавирус. Во петокот имаше рекорд од над 1000 заразени, а се очекува бројките да растат и во идните денови.
Мерката ќе биде применета после оние мерки со кои маската на отворено стана задолжителна, градскиот и јавен превоз да работи со 50% од капацитетите, и најмногу четири лица на иста маса во кафеаните.