Не сум задоволен што напредни компании им даваат ниски плати на вработените во индустриските зони, вели Деспотовски
Апсолутно сум незадоволен од висината на платите што им се исплаќаат на вработените во индустриските зони, изјави директорот на Дирекцијата за технолошко-развојни зони, Јован Деспотовски.
-Апсолутно сум незадоволен, не само за нивото туку и од фактот дека просечната плата во рамки на зоните е пониска во однос на просечната плата во рамки во македонската економија. Да бидам искрен, за мене беше изненадувачки во негативна смисла тоа што технолошко напредни компании исплаќаат пониски плати во однос на останатите во рамки на економијата, рече Деспотовски.- Advertisements –
Сепак вели дека не се планираат субвенции за овие компании, туку преку други програми ќе се прави позитивен притисок да се зголемат платите.