Заев: Со Мицотакис зборувавме за економија,со Грција ќе потпишеме договор за избегнување на двојно оданочување
За време на посетата на Атина, со премиерот Мицотакис, разговраваме за аспектите на договорот од Преспа, за двата гранични премини што треба да се отворат меѓу двете земји и најмногу за економијата, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, во интервју за Канал 5.
Се уште има табли во грчка Македонија, како што велат тие, со ФИРОМ, се боревме да го тргнеме Фиром, а ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, во музеј на Северна Македонија, има работи што треба да завршиме, рече Заев.
Зборувавме за двата гранични премини што треба да се отворат, Грција има добиено грант за преминот Маркова нога – Лемос, а реферираа и за напредокот на граничниот премин кај Кавадарци, кој е особено важен за Грција, бидејќи таму имаат зимски центар, рече Заев.
Но, најмногу зборуваме за економијата, истакна Заев, додавајќи дека во октовмри ќе ги потпишеме договорите за избегнување на двојно оданочување, договор за заштита на инвестиции, што ќе привлече поголеми вложувања, најави Заев.
Тој додаде дека Грција ни понуди помош за дигитализацијата, што е еден од најголемите успеси на владата на премиерот Мицотакис.