Дончиќ – со тројка на 0,6 секунди до крај за победа над Портланд (видео)


Лука Дончиќ прераснува во кошаркарски феномен и во НБА-лигата, по најновиот блесок што младиот Словенец го имаше на гостувањето против Портланд. Далас беше на работ на пораз губејќи со 107-104, а на часовникот имаше неполна секунда (0,6), но и тоа беше доволно за словенечкиот ас од самиот агол со шут со неверојатна парабола да го одведе мечот во продолжение.

Погледнете ја најновата мајсторија на Дончиќ, што сепак беше недоволна и за конечен триумф бидејќи Портланд во дополнителните пет минути успеа да стигне до победата.

Словенецот беше неизвесен за настап поради незгодна повреда на колкот заработена на последниот натпревар, но се појави на теренот и стигна до нов дабл-дабл од 23 поени и 11 скокови, надополнети со шест асистенции.

Translate »