Папата го продава своето скапо бело Ламборгини

Улиците на Ватикан не се баш идеално место за возење Ламборгини, кое постигнува брзина од 320 км/ч, има 573 коњи и мотор V-10.

 

Сопственикот на ова посебно дизајнирано бело Ламборгини е Папата, колку и да звучи тоа чудно.

Папата е познат по низа вредни и интересни подароци кои ги добив од луѓето низ целиот свет, па така и не е чудно што Ламборгинито му го подари  Huracán RWD Coupé. Посебното скапоцено возило со златни ватикански обележја, опремено со кожни седишта, е и посебно поради потписот на Папата исцртан на предата хауба.

Бидејќи не може да го вози внатре во ватиканските ѕидини, Папата одлучи оваа моќна машина да ја продаде на аукција.

Автомобилот е во совршена состојба, со оглед на тоа дека од крајот на 2017 година не излегло од гаражата, па ни папата ни некој од неговата свита не го пробале на отворен пат.

Аукцијата ќе се одржи на 12 мај, а ќе ја води познатата аукциска куќа Sotheby’s.

Се предвидува дека ќе постигне цена од околу  425.000 долари.

Заработените пари ќе се поделат на неколку хуманитарни организации.

Translate »