16 години ФОЈА-мојот омилен градинарски центар!

Есента е идеално време за садење и пресадување декоративни зимзелени садници и цвеќиња, бидејќи земјата има доволно влага, а тлото е сè уште топло, па растенијата имаат доволно време да се аклиматизираат и да формираат корења. Садниците треба да се квалитетни, да имаат добра подлога, и затоа најдобро е да ги набавите на доверливо место. Во градинарскиот центар ФОЈА, кој оваа година обележува 16 години од своето постоење, има огромен избор на квалитетни декоративни садници во различни големини, а по поволни цени.


Туја, Фотинија, Лаванда, Индиски јоргован, Чемпрес, Јапонски јавор, Леиланди и многу други растенија кои воодушевуваат со својот изглед можат да се купат во овој наш реномиран градинарски центар, кој се наоѓа на Бул. Борис Трајковски бр. 152 А (поранешна Првомајска) тел. 277 20 46; 078 362 097.


Во градинарскиот центар ФОЈА секако ќе добиете и бесплатни совети кое растение какви услови за одгледување бара, сончево место или сенка, каква почва, колку да се наводнува и друго, информации кои што се од голема корист, за да не се случи нешто да купите, и тоа одма да се исуши.


Затоа, веќе утре по утринското кафе прошетка до ФОЈА.

Зошто да немате убаво среден двор или тераса! Побрзајте во ФОЈА, по вашето омилено растение, изборот е навистина голем.

Translate »