НЛБ Банка „Најпосакуван работодавач“ во категоријата банки по избор на посетителите на вработување.ком
НЛБ Банка ја доби наградата за „Најпосакуван работодавач“ во категоријата банки, во изборот на посетителите на веб порталот вработување.ком, направен за 2022 година.
Оваа награда ѝ се доделува на банка која е оценета како најдобра во полето на човечките ресурси, која негува позитивен и продуктивен пристап на работа. Во независната анкета на посетителите на вработување.ком, НЛБ Банка е препознаена како компанија во која работат талентирани и амбициозни луѓе, кои имаат можност во континуитет да се развиваат и да учат, и како средина во која постои колегијалност и емпатија.
“Во НЛБ Банка веруваме дека вработените се нашиот највреден капитал. Токму затоа нашата стратегија, кога станува збор за човечките ресурси, во фокусот го става задоволството на вработените. Постојано инвестираме во проекти кои ја покажуваат грижата за нашите луѓе и нивните семејства, и проекти кои поттикнуваат ангажираност, развој и лична исполнетост. Се трудиме да воспоставиме соодветна рамнотежа помеѓу професионалните и приватните обврски, обезбедуваме флексибилна работна средина во однос на локацијата, времето, и работното место и низа други бенефити што нѐ издвојуваат од другите. Благодарност до сите оние кои го препознааа сето ова и ни ја укажаа довербата, издвојувајќи нѐ како најпосакуван работодавач меѓу банките на пазарот.” – истакна по овој повод Бранко Грегановиќ, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.
Признанијата беа доделени минатата недела на свечениот настан „Работодавач на Годината“, на кој беа прогласени најпосакуваните компании за работа во осум категории.