МВР со детали за крвавата пресметка во автобусот 51: Со нож го повредил другарот и себеси по расправија за место за седење

Расправија поради место за седење е причина за синоќешната физичка пресметка помеѓу двајца малолетници во автобус на ЈСП во Кисела Вода.

Полицијата соопшти детали за вчерашниот инцидент во автобусот број 51 кој се алучил во Кисела Вода.

– На 22.09.2022 во 19.33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, во автобус бр. 51 го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца малолетници, во која бил употребен остар предмет.

Имено, откако по вербална расправија за место за седење малолетник од с.Моране извадил остар предмет да нападне малолетник од с.Студеничани, не успеал во намерата и повредил малолетен другар од с.Студеничани, а се повредил и самиот.

По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници обезбедени се сите учесници во настанот, двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

За случајот е известен Јавен обвинител и по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР додаваат дека двајцата малолетници со посекотини на рацете биле пренесени во ГОБ „Наум Охридски“.

Претходно од Градската болница за МИА информираа дека истата вечер во 20 часот биле примени две лица со повреди од остар предмет. Едно лице било препратено на скопските клиники, додека другото на домашно лекување.

Translate »