(ВИДЕО) Пловеле со кајакот, а потоа пукнал огромен глечер: Авантурата на двајца кајакари се претворила во катастрофа

Двајца кајакари, Џош Бастир и Ендру Хупер, пловеле долж брегот на Алјаска, недалеку од глечерот Спенсер, кога го доживеале едно од најголемите чуда досега.

Авантурата со кајак околу глечерот за малку не им било последното патување во животот.

Како што може да се види на снимката, парче масивен глечер одеднаш се распрснал. Дел одлетал во воздух, како да избила некоја експлозија, а дел завршил во вода.

Во моментот се создал огромен бран кој со својата јачина се упатил кон кајакарите.

-Преживеавме, но беше залудно. Бевме целосно мокри, очигледно бевме премногу близу. И жените ни рекоа да не се приближуваме толку, но и покрај се ова беше нешто најинтересно што имам направено во животот-рекол Хупер.

Translate »