Зајачки секс од 1 минута, бакнеж во образ по секс: Контроверзна Србинка е хит на ТикТок со смелите изјави во видеата

Наташа Поповиќ од Белград во едно од нејзините најпопуларни видеа објаснува што е „зајачка сексуална способност“. Вели дека тоа е синоним за прерана ејакулација кај мажите. Тие не се трудат и лоши се во кревет. Потоа додава дека сексуалниот чин со нив трае една минута, а потоа не се подготвени за втора партија.

Наташа Поповиќ од Белград стана вирален хит во Србија со нејзините скандалозни ТикТок видеа во кои отворено говори за машко-женските односи.

Таа има студирано туризам, а живеела во Америка и Турција, но потоа се вратила во Белград.

Вели дека работи во семејна фирма и дека го обожава свoјот град, кафеаните, пријателите и дека за ништо на светот не би го менувала.

Наташа за српските медиуми вели дека односите помеѓу мажите и жените на Балканот се површни, дека и мажите и жените се многу себични, се гледаат само себеси и не се обидуваат да дадат дел од себе на некој друг. Едноставно не се вложуваат во врските.

Таа вели дека не ѝ се допаѓа кога мажите се полни со предрасуди кон една жена, судејќи ѝ само според изгледот и исто така не ѝ се допаѓаат несигурни мажи.

Животно мото ѝ е да ѝ е убаво и да зборува отворено апсолутно за сè, па токму со тој пристап некои од нејзините видеа постигнаа милионски прегледи.

Едно од нејзините најпопуларни видеа е она во кое објаснува што е „зајачка сексуална способност“.

Вели дека тоа е синоним за прерана ејакулација кај мажите. Тие не се трудат и лоши се во кревет. Потоа додава дека сексуалниот чин со нив трае една минута, а потоа не се подготвени за втора „партија“.

https://www.tiktok.com/embed/v2/6948844270589594885?lang=en-US&referrer=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fbalkan%2F95933-zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata

Наташа има и видео на кое открива дека не носи долна облека, затоа што ја притиска и дека најважно ѝ е да ѝ биде удобно.

https://www.tiktok.com/embed/v2/7129933742986054918?lang=en-US&referrer=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2Fnovosti%2Fbalkan%2F95933-zajachki-seks-od-1-minuta-baknezh-vo-obraz-po-seks-kontroverzna-srbinka-e-hit-na-tiktok-so-smelite-izjavi-vo-videata

Потоа скандалознната српска тиктокерка говори за мажите кои на испраќање по секс девојките ги бакнуваат во образ, наводно за да им нагласат дека станува збор само за авантура.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Translate »