(ВИДЕО) Потресни сцени од мобилизацијата во Русија: Жени плачат, мажи заминуваат во автобуси
На социјалните мрежи се појавуваат видеа наводно снимени во Русија кои покажуваат како изгледа мобилизацијата во таа земја по вчерашната одлука на Путин.
Снимките пристигнуваат од различни делови на земјата, една од нив е од градот Нерјунгри. Пред да влезат во автобусите, мажите се збогуваат со своите семејства со долги прегратки.
Истиот ден кога Владимир Путин објави дека земјата започнува делумна мобилизација во 38 руски градови, луѓето излегоа на улиците да протестираат против војната.
Повеќе од 1.300 луѓе беа уапсени, а некои од уапсените веднаш беа регрутирани во армијата. Гужва има и на аеродромите, каде што некои Руси се обидуваат да ја напуштат земјата.