Каква козметика користат светски познатите личности?

Eucerin Aquaphor заштитниот мевлем за оштетена кожа обезбедува нега која ја забрзува регенерацијата на кожата. “Не чини многу, а е прекрасна за нега на сувата кожа, каква што имам јас” вели актерката Никол Кидман. ”Го нанесувам на лицето и е многу, многу добро”.

На Шарлиз Терон производот и беше препорачан од докторот за нејзиниот син Џексон. “Кога почнав да ја користам кремата на него, сфатив дека е една од најдобрите креми за раце досега. Исто така е одлична и за усните” рече ѕвездата на `Atomic Blonde`.

Бијонсе пак го нанесува Aquaphor на целото лице секоја ноќ пред спиење. “Одам во кревет и изгледам целосно мрсно” вели пејачката. ”Тоа и не е толку гламурозно”.

Овој производ образува полуоклузивна заштитна бариера на површината на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород во и од кожата. Глицеринот во формулата е ефикасен навлажнувач, којшто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата. Тој дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека мевлемот го забрзува оздравувањето на повредената кожа.

https://www.thesun.co.uk/fabulous/9165424/meghan-markle-kim-kardashian-beauty-budget-products/

Translate »