Кои се најздравите грицки!

Вишокот на килограми, потребата навечер да се јаде повеќе од што треба, е проблем кој ги мачи повечето од луѓето. Едно од решенијата е фокус кон балансирана и здрава исхрана, која може да биде вкусна и комплетно задоволива. Што мислите за здрави грицки, кои кога ќе ги јадете нема да имате грижа на совест и нема да размислувате дали е тоа правилниот избор?

Затоа, отфрлете ги лошите навики и потрудете се овие производи секогаш да ги имате дома.

1) Различни комбинации на јаткасти плодови
Идеални вкусни и хранливи грицки. Содржат здрави маснотии, добар извор се на протеини, но и антиоксиданти, растителни влакна, витамини итн. Се поврзуваат, пред сé, со здравјето на срцето, но и превенирањето на некои други болести.

Дополнително, лесно поттикнуваат заситување, па на долг рок, повеќе студии укажуваат дека не само што маснотиите од нив нема да ве здебелат, туку напротив, ќе ви помогнат да ослабете.

2) Јогурт и бобести овошки

Овошките можат да бидат малини, капини, јагоди, рибизни итн. Ваквиот оброк е ниско-калоричен, но и добар извор на протенини(јогуртот), антиоксиданти(бобестите овошки се сметаат за најдобриот извор на антиоксиданти), витамини и други нутриенти, како калиумот и калциумот, на пример.

Добриот вкус е загарантиран.

3) Путер од лешник и мед
Ќе се изненадите од вкусовите карактеристики на оваа едноставна комбинација. Јаболките се богат извор на растителни влакна и полифенолни антиоксиданти, што е одлично за дигестивното, но и за општото здравје.

Путерот од кикирики пак, е извор на здрави маснотии кои делуваат на подобрувањето на липидниот профил на крвта. Иако е богат со калории, со него тешко може да се претера, бидејќи делува и заситувачки. Една голема лажица путер од кикирики, во комбинација со едно јаболко со средна големина, ни обезбедува околу 200 калории од здраво потекло.

4) Темна чоколада и лешник

Темната чоколада и лешници се можеби највкусната здрава опција за ужина. Секако, ако се внимава на количините.

Темната чоколада е еден од најдобрите антиоксидативни извори, додека лешниците се добар извор на здрави маснотии (мононезаситени), пред сé. Ова овозможува бенефит за контролирањето на шеќерот во крвта, но е добро и за срцевото здравје.

Дополнително, и темната чоколада и лешниците содржат солидни количества магнезиум, макроминерал кој, повторно, игра многу важна улога во контролирањето на глукозата во крвта и е значаен за здравјето на срцето!

Гледајте темната чоколада да има најмалку 75% какао.


5) Овошни комбинации

Секоја овошка има свој уникатни позитивни влијанија на организмот, но сите имаат неколку заеднички корисни работи кои ги обединуваат: вкусна и освежителна храна, богата со антиоксиданти, витамини и минерали.

Најдобро и највкусно е да го изберете сезонското овошје, во зависност од годишното време, а некои особено погодни овошки за ужина, се постојано пристуни на пазарите,  како јаболките, бананите и цитрусните овошки.

Важно е да се каже дека подобро е да се консумираат целите овошки, пред било какви смути напитоци. Прво, заради тоа што соковите се концентрирана енергија, полесно внимаваме колкави количества јадеме ако ја јадеме целата овошка, а смути напитоците не го нудат и уживањето во јадењето на поединечна овошка.

6) Чиа пудинг

Чиа семето е дефинитивно ,,супер-храна”. Полно е со растителни влакна, протеини но и антиоксиданти кои нудат различни позитивни ефекти. Иако нема некој посебен вкус, чиа семето по подготвувањето нуди одлична, привлечна структура која можете да ја збогатите и со други здрави додатоци – какао, стевиа, путер од кикирики итн.

7) Маслинки


Еден од најнутритивните продукти кои често се користат во Медитеранската исхрана.

Содржат висок процент на здрави маснотии(мононезаситени) и се извор на моќни антиоксиданти, како олеуропеинот, на пример.

Ваквите состојки ги прават маслинките антивоспалителна храна, храна која ја намалува инсулинската резистентност, потенцијано антиканцерогена храна итн.

Во зависност од големината, 25 зелени или црни маслинки содржат од 100-175 калории.

Translate »