Европа донесе вистинска одлука: Карантинот спаси повеќе од три милиони животи

Заклучувањето на државите спасило повеќе од три милиони животи од коронавирус во Европа, проценуваат најновите истражувања. Тимот на колеџот “Империјал” во Лондон рекол дека бројот на смртни случаи би бил огромен без карантин.

Предупредиле дека досега се заразиле многу мал број на луѓе и дека уште сме на почетокот на пандемијата. Друго истражување исто така тврди дека глобалното затворање на економијата спасило повеќе животи во краток временски период како никогаш порано. Новото истражување го проценило влијанието на заклучувањето во 11 европски земји: Австрија, Белгија, Данска, франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија. Истражувањето го опфатило периодот до крајот на мај. 

До тогаш во овие земји починале околу 130.000 луѓе.

Истражувачите користеле моделирање на болеста за да предвидат колку смртни случаи можеле да се случат нагло доколку не дошло до карантинот. Процениле дека 3,2 милиони луѓе би починале до 4-ти мај ако не биле мерките како заклучувањето и наведувањето на луѓето да останат во своите домови. Тоа значи дека заклучувањето спасило околу 3,1 милиони животи, вклучувајќи 470.000 луѓе во Велика Британија, 690.000 Франција и 630.000 во Италија.

“Заклучувањето спречи милиони смртни случаи. Тие смртни случаи ќе беа трагедија”, рекол доктор Сет Флексмен од колеџот “Империјал”.

Тие претпоставуваат дека ако не биле мерките за безбедност, луѓето немало сериозно да ја сфатат заканата од коронавирусот и болниците би биле пренатрупани, што би предизвикало бројни смртни случаи.

Translate »