ГРУБИ: МОЖНО Е ИЗБОРИТЕ ДА ТРААТ ДВА ИЛИ ТРИ ДЕНОВИ, ВМРО-ДПМНЕ САКА ТИЕ ДА СЕ ОДРЖАТ НА 15-ТИ ЈУЛИ

Пратеникот од редовите на ДУИ, Артан Груби во отвореното студио на ТВ 24 изјави дека неговата партија стои на ставот изборите да се одржат на 5-ти јули и се надева дека сите политички партии ќе учествуваат на нив, односно дека веќе сите партии имаат поднесено листи на пратеници.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ беше 15-ти јули, а 5-ти јули е наше компромисно решение. Сметам дека сите ќе учествуваат на изборите затоа што не можат да си дозволат луксуз да не одат на избори, кои се всушност признаение од институциите и се под мониторинг на ОБСЕ и ОДИХР. Кај меѓународната заедница има расположение за брзи избори“, смета Груби.

Тој додаде дека е можна промена на Законот за избори, односно тие да траат два или три денови.

„Еден ден би гласале пензионерите, еден ден тие што се во изолација, а останатите во третиот ден е едно од можните решенија, донесени со уредба“, вели Груби.

Translate »