Корона кризата ја замрзна економската активност
Корона кризата ја замрзна економската активност. Стагнацијата на БДП во првиот квартал од 0,2% е очекувано, сметаат финансиски институции.
Oд невладината Фајненс Тинк велат дека рестриктивните мерки, затворените шопинг центри, угостителски објекти, транспортот и затегнатата глобална економија…се пресликаа во бројките за раст на економијата.
„Во моментов Фајненс тинк ја задржува проекцијата за падот на БДП во 2020 на -3,8%, како и за вториот квартал од 2020 на -12,7%. Но, двете проекции се под особено изразени негативни ризици, во целост детерминирани од времетраењето на индуцираната контракција и отежнатото движење предизвикани од Ковид – 19. “ изјави Благица Петрески, Фајненс Тинк
Ако пандемијата продолжи да зема замав во земјава, економијата ќе трпи и поголеми негативни шокови.
„Доколку настане втор пик и доколку продолжат рестрикциите очекувано ќе имаме поголем пад од она што ни е иницијално предвидено, зависи и од динамиката на реализација на вкупните мерки.“Благица Петрески, Фајненс Тинк .
Петрески смета дека економските мерки треба да продолжат и наредните месеци, како би помогнале да се ублажат негативните шокови во економијата.
Претходно повеќе бизнисмени и стопанственици побараа финансиската помош итно да продолжи бидејќи според нив на 40 илјади работници им се заканува отказ.