проф. д-р Светомир Шкариќ-Парадоксалната положба на претседателот

Претседателот на Републиката се наоѓа во парадоксална положба. Од една страна, Уставот му доделува бројни функции, а од друга страна, скржаво ги определува средствата за нивно остварување на практичен план. Против ваква неправда не се побунил ниту еден од предходните претседатели. За разлика од нив, новиот претседател веќе бара решение за подобрување на состојбата. А решението може да се најде ако се определи за поширока употреба на указите и ако на јасен и предвидлив начин ги димензионира обраќањата и пораките до Собранието и граѓаните. Тоа би значело значително иновирање на претседателската функција и нејзино подигање на повисок ранг.

Правни акти на претседателот

Од гледиште на Уставот, претседателот располага со два вида правни и еден неправен акт за вршење на своите функции. Од правните акти на располагање ги има указот и одлуката, а од неправните – известувањето на Собранието за прашања од негова надлежност. Тоа е скромен фонд на акти, недоволен за успешно обавување на неговите функции. Таков фонд имаат само уставите на поранешните југословенски републики кои се користеа како модели за Уставот на РМ од 1991 година.

Според Уставот, претседателот може да го користи указот само во два случаи. Кога ги прогласува законите и кога ги поставува и отповикува амбасадорите и пратениците на земјата во странство (чл. 75 и 84). Во обата случаи станува збор за укази како поединечни акти, од декларативен карактер. Во земјите со подолга традиција указите се користат пошироко како поединечни и општи нормативни акти, со висок ранг во правниот систем, веднаш до законот. Тие се еднократни акти и не можат да се повлечат ниту да се поништат, како што тоа го правеше предходниот претседател.

Одлуката е општ правен акт со нормативно дејство. Такви се на пример одлуките с

Одлуката е општ правен акт со нормативно дејство. Такви се на пример одлуките со кои претседателот прогласува воена или вонредна состојба (чл. 124 и 125). Станува збор за општ нормативен акт, бидејќи одлуката е адресирана на неопределен број субјекти. Во уставите на поголем број земји наведените прашања се регулираат со указ а не со одлука. Указот е основен акт на претседателот, а не одлуката.

За поголем број прашања не е утврден актот со кој претседателот треба да ги остварува своите надлежности – дали со указ, одлука или без правен акт. За некои од нив, видот и содржината на актот се препуштени на законодавецот. А тоа не е добро. Актите на претседателот се уставна, а не законодавна материја. Ако нив ги определува законодавецот, од случај до случај, тогаш се појавува големо разнобразие и конфузија. На пример, помилувањата на 56 лица што ги даде претходниот претседател на 12 април 2016 година се остварени со два вида акти: одлука и решение. Решението е управен акт, а претседателот не е управен орган.

За некои прашања пак Уставот не предвидува никаков акт. На пример, доделување на мандатот за состав на Владата. Мандатот се доделува без правен акт. Видовме каква драма се одвиваше од јануари до април 2017 година, кога предходниот претседател не сакаше да го додели мандатот за формирање влада, наспроти собраните 67 потписи од пратениците. Во голем број земји мандатот се доделува со указ кој задолжително се објавува во службеното гласило и подлегнува на уставна контрола.

Указот е подобен акт и за регулирање на статусот, организацијата и составот на Кабинетот на претседателот. Тие прашања се во негова исклучива надлежност. Станува збор за јавна служба која во некои земји има уставен статус

о кои претседателот прогласува воена или вонредна состојба (чл. 124 и 125). Станува збор за општ нормативен акт, бидејќи одлуката е адресирана на неопределен број субјекти. Во уставите на поголем број земји наведените прашања се регулираат со указ а не со одлука. Указот е основен акт на претседателот, а не одлуката.

За поголем број прашања не е утврден актот со кој претседателот треба да ги остварува своите надлежности – дали со указ, одлука или без правен акт. За некои од нив, видот и содржината на актот се препуштени на законодавецот. А тоа не е добро. Актите на претседателот се уставна, а не законодавна материја. Ако нив ги определува законодавецот, од случај до случај, тогаш се појавува големо разнобразие и конфузија. На пример, помилувањата на 56 лица што ги даде претходниот претседател на 12 април 2016 година се остварени со два вида акти: одлука и решение. Решението е управен акт, а претседателот не е управен орган.

За некои прашања пак Уставот не предвидува никаков акт. На пример, доделување на мандатот за состав на Владата. Мандатот се доделува без правен акт. Видовме каква драма се одвиваше од јануари до април 2017 година, кога предходниот претседател не сакаше да го додели мандатот за формирање влада, наспроти собраните 67 потписи од пратениците. Во голем број земји мандатот се доделува со указ кој задолжително се објавува во службеното гласило и подлегнува на уставна контрола.

Указот е подобен акт и за регулирање на статусот, организацијата и составот на Кабинетот на претседателот. Тие прашања се во негова исклучива надлежност. Станува збор за јавна служба која во некои земји има уставен статус

Уставот на Ирска утврдува дека претседателот на Ирска има резиденција во градот Даблин или во неговата околина, дека има право на плата и дека платата не може да се намалува додека му трае мандатот (чл. 12). Уставот на Грција, пак, го овластува претседателот по своја волја да го определи составот на службите во Претседателската палата (чл. 35).

Извор: ohridpress.com

Новиот претседател на Македонија своите овластувања треба да ги остварува преку поширока употреба на указот. За тоа не треба да бара одобрение од било кој. Тоа е подобро решение отколку да се бара законско решение за пополнување на уставните празнини. Пред слична можност се најде и предходниот претседател кога го доби првиот мандат во 2009 година. Тогаш, во занес, сакаше да ја подобри положбата на претседателската функција, но брзо се откажа од таа идеја. Уште во првиот месец од неговиот мандат го задолжи неговиот советник за административни прашања да му направи систематизација на работните и советничките места во Кабинетот. Советникот навреме ја заврши задачата, но предлогот му беше отфрлен, со образложение дека никој не смее да му се меша во работата.

Неправни акти на претседателот

Неправните акти не содржат норми за однесување. Станува збор за акти од политичко значење. Преку нив шефот на државата комуницира со граѓаните и јавните институции, особено со претставничкото тело. Во групата на такви акти спаѓаат обраќањата и пораките на шефот на државата. Во споредбеното уставно право таквите акти заземаат високо место, бидејќи шефот на државата е политичка фигура од највисок ранг.

Нашиот Устав познава само еден вид неправен акт. Тоа е известувањето. Претседателот има право најмалку еднаш годишно да го известува Собранието за прашања од својата надлежност (чл. 85). Станува збор за „известување“, а не за обраќање. Известувањето е потесен поим од обраќањето. Чувствувајќи ја стегата, предходните претседатели, принудно, известувањето го претворија во обраќање. Обраќањето се покажа како поподобен инструмент од известувањето. Им се обраќаа на пратениците, но и на граѓаните.

Некои од предходните претседатели, обраќањето го користеа повеќе пати, кога чуствуваа неодложна потреба за тоа. На пример, претседателот Глигоров во февруари 1999 година се обрати на пратениците во врска со „Тајванскиот скандал“, спротивставувајќи се јавно на дипломатското признавање на Тајван, спроведено тајно од тројца членови на Демократската алтернатива, од кои едниот од нив сега е советник на новиот претседател: „Тројца луѓе од една партија одат на Тајван, да завршат таква работа, без овластување, а за тоа да не знаат ни претседателот на Владата, ни претседателот на Собранието, а јас можам од своја страна да ве уверам дека немам никаква вест и дури и не помислував дека такво нешто може да се случи“.

Обраќањето го користеше и претседателот Иванов и тоа позачестено. Така, на пример, во април 2016 година, за само неколу дена испрати две обраќања до граѓаните, во врска со Одлуката за помилување на 56 лица. Во првото обраќање од 12 април ги објасни мотивите и целите на помилувањето, а во второто од 15 април се согласи да ја поништи донесената одлука: „Уште еднаш повторувам, секој оној кој смета дека сум му одзел право, сторил лоша услуга и својата невиност сака да ја докаже на суд, го повикувам лично во писмена форма да поднесе барање за поништување на одлуката која се однесува на него“.

Постои суштинска разлика помеѓу известувањето и обраќањето. Известувањето е информирање на Собранието за прашања од надлежноста на претседателот. Обраќањето пак е насочено кон граѓаните и Собранието со цел претседателот да добие подршка за одредена политика. Наведената разлика е видлива во Уставот на Бугарија од 1991 година (чл. 98).

Пораката е нешто трето. Таа е поцврст акт од обраќањето, претставува „истрел од пиштол во воздухот“ упатен до претставничкото тело, со барање да преземе мерки за одредено прашање. Прототип на таква порака е пораката што претседателот на САД ја испраќа до Конгресот. Нејзината содржина е утврдена во Уставот на САД: „Претседателот од време на време го известува Конгресот за состојбата на Сојузот и изнесува пред него мерки на разгледување за кои смета дека се подобни и неопходни “ (чл. II, оддел 3).

Цврст карактер имаат и пораките на францускиот претседател што ги испраќа до парламентот и Французите. Пораките ги испраќа кога се загрозени независноста на нацијата и територијалниот интегритет на Франција, кога е нарушено функционирањето на државните институции и кога се доведени во прашање неговите обврски на меѓународен план. Парламентот е должен, без дискусија, да ја прими на знаење пораката. За преземените мерки, претседателот го информира францускиот народ, со предходна консултација со Уставниот совет и со претседателите на двата дома на францускиот парламент (чл.16).

Пораката е застапена и во уставите на Италија, Ирска, Грција и Бугарија. И новиот претседател на Македонија треба да ја користи пораката, заедно со указите и обраќањата, во зависност од неговите надлежности. Наведените акти треба да ги објавува и во Службениот весник. По објавувањето тие стануваат предмет на уставно-судска контрола. Такво решение е веќе содржано во Уставот на Бугарија и Законот за Уставниот суд на Бугарија од 1991 година.

Во пресрет на преговорите со ЕУ пожелно е да се чуе првиот „истрел“ од Палатата на Водно. А такви истрели треба да следат и за правосудството и длабоките поделби во општеството. Но и за други прашања за кои истрели испраќа и францускиот претседател.

Translate »