Македонија солидарна со ЕУ и САД, ќе протера руски дипломат
Македонија одлучи да протера еден руски дипломат заради случајот Скрипал.
Министерството за надворешни работи соопшти дека одлуката е донесена во тесна консултација со нашите сојузници и партнери од ЕУ и НАТО и со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, и во согласност со член 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
„Користењето на воено хемиско оружје е во спротивност со Меѓународното право и тоа влијае на безбедноста на сите земји“, се наведува во соопштението од МНР.
Земјите кои протераа руски дипломати се :
САД – 60 дипломати
ЕУ – Франција-4, Германија-4,Полска-4, Чешка-3, Литванија-3, Данска-2, Холандија-2, Италија-2, Шпанаија-2, Естонија-1 , Хрватска-1, Финска- 1, Унгарија-1, Латав ија-1, Романија и Шведска по еден
Украина-13
Канада -4
Албанија-2
Норвешка-1