Бутарис – Грција не губи ништо ако Македонија се интегрира во ЕУ и НАТО

Наместо да му олесниме на соседот, ние ги нарекуваме “цигано – cкопјани”, вели солунскиот градоначалник Јанис Бутарис. Во изјава за локалните медиуми, тој прашува што губи Грција, доколку нашата земја не се интегрира во евро-атлантските структури.

-Ние губиме многу работи, го губиме нашето достоинство кон НАТО и Европската унија, не му олеснуваме на соседот кој е како мало дете, бара да си го најде неговиот идентитет. И ние што правиме? Ги пцуеме со цигано-скопјани. Однесување ли  е ова?, коментира Бутарис.

Тој ја повторил неговата лична позиција за прашањето за името, кое, според него, треба да се реши на тој начин што прво ќе се договори сложено име со географска одредница, а потоа ќе се утврди план за спроведување на правилата од Времената спогодба.

 

Translate »