Името e прашање на недели или месеци- Нимиц

Посредникот во разговорите за разликата за името Метју Нимиц, по средбите со државниот врв во Скопје,  оцени дека има разлики во ставовите на двете страни, но е оптимист дека може да се најде заемно прифатливо решение.

„Верувам дека е дојдено време да се донесе одлука. Преговорите нема да станат полесни во иднина. Тоа значи мора да се соочиме со прашањата. Имаме две влади со компетентни дипломати и одлучни лидери. Тоа е од помош и треба брзо да се придвижиме напред кон решение. Мислам дека во следните меколку месеци ќе видиме дали ќе биде постигнат напредок или не“, рече Метју Нимиц.

„Разговаравме детално и сериозно, му кажав дека таму има идеи кои не се така лоши, му кажав исто така дека таму има идеи ки не се така добри, и кои создаваат кај нас загриженост“, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Шефот на македонската дипломатија  беше дециден- нема разговори за промена на идентитетот.

„Ако дојдеме до таа точка за решние да треба да се допре идентитетот, за жал нема да има решение. Но, ќе биде многу жално ако две европски држави во 2018-та година не се доволно големи тоа не го препознаат“, рече Димитров.

Според Нимиц  прашањата нема да станат полесни во иднина.

„Во прашање се недели или месеци кога ќе се дојде до решение, бидејќи од двете страни има влади што се подготвени  да разговараат“ истакна медијаторот

Министерот Димитров смета дека решение не е можно ако едната страна во спорот се чувствува поразена.

„Ова прашање не може да се реши доколку една страна се чувствува поразена, односно лесно е да се закопате во историските ровови, но време е регионот да оди напред кон иднината  која ќе биде заедничка“, рече Димитров.

Translate »