Трамп триумфално: Ова е историски ден, пресврт во борбата против коронавирусот!
Како што беше најавено, американската Агенција за лекови и храна ја авторизираше терапијата со ковалесцентна плазма, а Трамп на прес-конференција ова го нарече историски пресврт во борбата против коронавирусот.
„Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија со чија што помош се овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на опоравените пациенти со цел да им се помогне на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека тоа лекување е исклучително успешно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп и ги повика луѓето кои се опоравиле од Ковид-19 да донираат крв.
Инаку, научниците сметаат дека не станува збор за никаква револуционерна метода, туку за терапија која веќе била тестирана кај над 70 илјади пациенти. Според докторите, таквата терапија има многу добри работи, но за жал не станува збор за никаква клучна точка во борбата против коронавирусот.
„Ова долго време го баравме и оваа терапија ќе спаси многу животи. Само ќе кажам дека ја намалува смртноста за дури 35%, а веќе 100 илјади луѓе се пријавиле да ја донираат својата крв“, изјави Трамп.
Американскиот претседател им се заблагодари на донаторите и најави дека јавноста наскоро ќе слушне и за вакцина против коронавирусот.
„Моментално се занимаваме со отстранување на непотребните пречки“, изјави Трамп.
Кога новинарите му порачаа на Трамп дека лекувањето со ковалесцентна плазма не претставува никаква пресвртница, американскиот претседател едноставно се повлече, па така целата прес-конференција траеше само седум минути.