Лукашенко со панцир и калашњиков во рацете: Десетици илјади демонстранти се собраа пред неговата резиденција

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во својата резиденција во Минск пред која се одржуваше протест на опозицијата, а на себе носеше панцир и во рацете имаше автоматска пушка – калашњиков.

„Претседателот Лукашенко пред еден час пристигна на лице место во палатата на Независноста“, стои во соопштението на прес-службата на белорускиот претседател.

Во медиумите се појави и снимка на која може да се види како Лукашенко излегува од хеликоптер со автоматска пушка во рацете, а во негова придружба беа припадници на војската.

Претходно беше соопштено дека опозицијата, по завршувањето на масовниот протест на Плоштадот на независноста, тргнала кон претседателската резиденција.

Translate »