Новото кинеско чудо го шокирало и светот: Погледнете го вијадуктот на 3 ката долг 30 километри! Во воздух го држат 7.000 тони челик

Трокатниот вијадукт на делницата на автопатот на планината Тианлонг, висока 1.370 метри, станал главна атракција во Кина.

Мостот на северозападот на Кина станал главна точка на собирање бидејќи многу жители се возат до планината за да го видат спектакуларниот проект и да ги споделат своите фотографии на социјалните мрежи. 

Кружниот мост има вкупна должина од 30 километри и се простира на споменатата планина. Од воздух мостот изгледа како џиновски змеј кој лебди над планината.

View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter

CGTN@CGTNOfficial

Three-story highway bridge becomes latest hot spot in NW China2,0667:45 AM – Dec 27, 2018713 people are talking about thisTwitter Ads info and privacy

Вијадуктот го носат столбови со повеќе од 7.000 тони челик, а наскоро би требало да биде завршен и пуштен во сообраќај.

Ова е само уште еден импозантен проект во низата кој е изграден во Кина последните години, кога станува збор за мостови.

Translate »