Не сум уценуван, изјави еден од обвинетите кој ја призна вината за насилството во “Центар”
Tомислав Лазаров, еден од обвинетите во случајот за насилството во Општина Центар, денеска во кривичниот суд призна вина, по што веднаш започна одделно судење против него, пренесе „Макфакс“.
Тој рече дека немал никакви притисоци ниту од специјалното јавно обвинителство ниту од полицијата.
„Не сум уценуван. Изјавата ја давам доброволно“, рече Лазаров.
Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи рече дека од мозокот на Никола Груевски извира идејата за насилството. Таа рече дека е изненадена од признанието на вината на Томислав Лазаров, но во позитивна смисла.
„Пораката е дека со насилство може да се спречи нормалното функционирање на демократски избрани органи. Барам соодветна казна за тежината на кривичното дело“, рече Фетаи.
Пресудата за Лазаров е закажана за 24 ноември.
Експремиерот Никола Груевски, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, Јордан Ристовски, Александар Трајковски, Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски, Трајче Петковски, Милан Андоновски, Митко Пецев, Борче Богдановски и Игор Бошковски, се изјаснија за невини.