ВМРО-ДПМНЕ: Женски глас се јавува кај граѓани и ги потсетува да гласаат

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска на прес конференција објави аудио снимка во која, како што рече, женски глас се јавува кај граѓани и ги потсетува да гласаат.

Според опозициската партија ова е изборен криминал на организиран начин.

Од таму велат дека во изборен молк се врши и агитација и преку СМС пораки. Стоилковки прочита неколку телефонски броеви кои рече дека се регистрирани на адреса на седиштето на СДСМ на Бихачка и побара од МВР да даде одговор за овие наводи.

-СДСМ е толку очајно што лажно преку СМС пораки се претставуваат и даваат насоки на членови на ВМРО-ДПМНЕ во име на партијата дека наводно бил постигнат договор и дека партијата наводно ги повикува да гласаат. Ова не е насока на партијата. ВМРО-ДПМНЕ има став секој член по свое убедување да одлучи како да постапи. Ова претставува незаконско агитирање во време на изборен молк – рече Стоилковски.

 

 

Translate »