Прогласена е за најубава плажа на светот: Погледнете како изгледа совршеното место за одмор
„Таа е прекрасна! Заштитена со карпи, плажата располага со песок на крајбрежјето и поглед кон тиркизната вода. Идеална за долги пливања и одморање на песок“ – коментар на нејзин посетител на „Trip Advisor“ на кој оваа дестинација е оценета како убедливо најдобра.
Сместена е во архипелаот Фернандо де Нороња кој е на 350 километри оддалеченост од бразилското крајбрежје. Архипелагот има посебен статус во внатрешноста на државата Пернамбуко и заштитен е од страна на УНЕСКО.
Плажата е многу добро покриена што ѝ овозможува да остане недопрена од масовниот број на туристи.
Мора да бидете Индијана Џонс за да ѝ пристапите. Од копното кон неа водат скали, изграден е полигон низ недопрената природа, па затоа мора да одите пешки до неа – одење со автомобил таму не постои.
Дури и во текот на летото, поради својата недостапност, плажата е речиси празна – на неа има повеќе птици отколку луѓе.
Кога ќе стигнете таму и кога ќе се сместите на неа, нема да зажалите, вложениот труд ќе ви се исплати.
Се отвора во осум часот наутро, а на крајбрежјето таму дозволено е да се сместат само 4 чамци, на бродовите пристапот им е забранет.
Оваа плажа идеална е и за пливање и за нуркање, но бидејќи таму нема кафулиња ниту ресторани, препорака е добро да се снабдите со храна кога одите таму затоа што најчесто посеителите кои одат таму остануваат до самрак, но и тогаш одвај се разделуваат од ова рајско место.