Како до ефикасна нега на сувите и иритирани делови од телото

Заштитниот слој на кожата го одржува нејзиното здравје, но кога тој слој ќе се оштети кожата станува склона на надворешни иритации кои се непријатни и понекогаш дури и болни. Сувата и оштетена кожа бара соодветна нега, но понекогаш е навистина тешко да се опфати целата кожа со потребната крема или гел, особено на грбот, нозете и торзото. Затоа Eucerin го создаде Aquaphor Ointment Body Spray, клинички тестиран производ кој докажано го решава проблемот со сува и оштетена кожа, оставајќи ја видливо регенерирана, заштитена и освежена уште по првото нанесување.

Со цел полесно да го нанесете на вашето тело, Eucerin го создаде овој производ во форма на спреј кој едноставно се распрскува на местата на кожата каде треба да се реагира, брзо се апсорбира и не остава дамки на облеката. Овој производ е многу погоден кога треба да се нанесе  на места каде имаме рани, и кои се многу осетливи на допир со раце.

Поради уникатните карактеристики на неговата формула, Eucerin Aquaphor Ointment Body Spray е препорачлив за сите возрасти, а особено за жените во зрели години кои имаат проблеми со сува кожа.

Translate »