ВМРО-ДПМНЕ: 500.000 граѓани во државата го минуваат денот со помалку од 130 денари

Без никаков срам СДСМ праќа соопштенија дека се справува со економските последици од коронакризата и спасува работни места кога од почетокот на пандемијата до сега над 40.000 граѓани ги изгубија своите работни места и останаа без своите приходи.

Сето тоа се случи поради ненавремените мерки од страна на криминалната влада предводена од СДСМ да им помогне на граѓаните и компаниите за време на кризата.

Се фалат дека платите растат, а во државата околу 100.000 граѓани живеат во сиромаштија и 500.000 граѓани денот го минуваат со помалку од 130 денари.

Според Анкетното истражување на претпријатијата од страна на македонските организации на работодавачи, 27% пријавиле дека кризата со КОВИД-19 сериозно влијае врз нивното работење и пријавиле целосно затварање на фирмите. Значи, околу 14.304 микро и мали претпријатија кажале дека ќе затворат.

Во период на пандемија го зголемија и јавниот долг за 1 милијарда евра.

Без никаков срам СДСМ се дрзна да покачи даноци и давачки на граѓаните односно ја покачија сметката за струја за 7.4%.

Сето ова докажува дека со СДСМ на власт Македонија тоне во криза. Оваа криминална влада мора да си замине час поскоро. Граѓаните на Република Македонија заслужуваат подобар и поквалитетен живот.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Translate »