Како навистина се живее во Норвешка? Дино замина за да си ја наjде среќата и еве како му е сега таму, колку заработува и како се живее!
Голем број млади луѓе секој ден заминуваат во странство во потрага по подобар живот, но една од земјите која е особено интереснa за Хрватите е Норвешка. Според податоците на Индекс хр., во Норвешка од 2013 година до втората половина на 2017 година се преселиле 1.999 лица од Хрватска.
Еден од нив е и 24-годишниот Дино Субашиќ од Жупање. Тој за Индекс хр, раскажува како е да си Хрват кој живее во Норвешка.
Дино и неговиот помлад брат, со години, живееле во домови за незгрижени деца. Родителите ги оставиле додека биле мали, а со о уште поголеми проблеми се соочиле кога на братот на Дино, на пет години, му била дијагностицирана ретката болест Вилсон. Дино на 18 годишна возраст, го напуштил семејството во кое бил згрижен и почнал да работи за да му помага на својот брат.
Летово , сепак, одлучил да замине во Норвешка за да заработи доволно пари за семејството и за болниот брат.
“Одев на море за да го прославиме роденденот на мојот најдобар другар, кога на фејсбук добив порака со прашање -дали би сакал да одам да работам во Норвешка, во гратчето Несбејн, со околу 3.500 жители”, вака ја започна својата приказна Дино.
“Ни момент не размислував, веднаш реков ДА. Не ми беше сеедно што ќе оставам се зад себе и ќе заминам, но мислев за иднина, мојата и на моето семејство”, раскажува Дино.
Заминал од Загреб на 6-ти септември. На аеродромот во Осло бил пречекан од таткото на неговиот шеф .
“Првото што ќе го забележите во текот на возењето е дека луѓето строго се придржуваат на сите правила и прописи. Ако е дозволено 80 км / ч , тогаш се вози толку, бидејќи казните се ригорозни. Ако возиш 30 км / ч од повеќе од дозволената брзина, автоматски ти ја одземаат возачката дозвола и повторно мораш да одиш на сите проверки и полагања за да ја вратиш назад. Се разбира, дека и парично ќе те казнат . Норвешка е на врвот на првите пет земји со најмалку сообраќајни несреќи на автопатите,” – вели тој.
Дино работи како професионален шанкер и келнер . Претходно работел во неколку ресторани во Загреб, иако завршил за автомеханичар, пишува Index.hr. Во Норвешка работи во ресторанот “Хјорнет “, а понекогаш помага во пиварницата “Готи”.
” Овде принципот е многу различен од оној во Хрватска. Според договорот, смееш да работиш 160 часа месечно и имаш два дена слободни. Имаш посебна тетратка во која пишуваш кога доаѓаш и кога ја напушташ работата. Во Хрватска не постои таков систем. Работиш повеќе од 8 часа, за прекувременото не плаќаат, па дури и на крајот на денот ти викаат зошто си нервозен и уморен. Секој час овде се плаќа и нема теоретска шанса да не ти платат. Сè оди преку картичка, ништо на раце. Данокот го плаќаме ние, како физички лица. Прилично е голем – од 27 до 35 проценти. Но, во тој данок имаш лекарска грижа ако нешто ти се случи и не плаќаш ништо дополнително. Пред да ја добиеш картичка, добиваш список во кој стои колку се плаќа данок за определена сума пари, така што никој не може отпосле да ти кажува за ова се плаќа толку , а за ова волку. Во декември, данокот за сите граѓани е 15 отсто – тоа е подарок од државата за Божик и Нова Година. Исто така, има и 13 -та плата, која ја добиваме целосно, без данок. Тоа е како враќање на данокот на крајот на годината” – објаснува Дино.
” Овде можеш да бидеш пријавен во повеќе фирми ако работодавачот те пријави на 80 проценти од работното време. Тогаш можеш да работиш и во друга фирма. Но, за да почнете да работите овде, прво треба да најдете стан. Кога имате место на живеење, сите други опции се отворени “, додава тој.
Според него, просечната плата во Норвешка е околу 1.730 евра, но секогаш има простор за подобрување. Тој вели дека цената на храната е многу висока и балканците се шокирани кога ќе видат колку е скапо. Но, со време , сфаќате дека тоа е нормална цена за локалните стандарди. Но, затоа технологијата е многу евтина, поевтина дури и од Хрватска. Евтина е и електричната енергија и горивото, објаснува Дино.
“Луѓето овде се многу мирни”, вели Дино кој во Норвешка е само два месеца и е многу задоволен.
” Нема стрес и прекумерна физичка работа. Никој не е љубопитен и никој не те испрашува кој си и од каде си. Не им е гајле за туѓите животи, што не е случај во Хрватска “- објаснува Дино.
“Никој не гледа дали си брендиран , дали изгледаш богато , едноставно тоа ништо не им значи”, вели тој.
За евентуалното враќање во Хрватска вели: ” Искрено, не размислувам за тоа. Со хрватската плата не можам да да ги покријам сите трошоци што ги имам. Со платата овде го плаќам станот, даноците, станот во Загреб, храната за мајката и болниот брат кој е во болница, а ми остануваат и уште пари “. заклучува Дино.
превземено од ИНДЕКС ХР