Бугарските аналитичари со поделени мислења за идните односи меѓу двете земји

Дали блокадата на официјална Софија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ ќе помогне за надминување на проблемите или на подолг рок ќе ги замрзне и онака веќе сложените односите помеѓу двете земји? 

Ставовите на познавачи во Софија се поделени.

Доглгодишниот новинар Георги Коритаров од бугарската ТВ Европа, кој речиси секојдневно во своите емисии се осврнува на македонско-бугарските односи, не е оптимист.. Според него, условите кои Бугарија и ги испорача на земјава не одговараат на преговарачката рамка и затоа тешко е да се очекува дека наскоро е можно некако доближување на ставовите..

-Поставените услови од страна на Бугарија се неисполниви, затоа што не кореспондираат со општата претстава за рамката за преговори, и второ затоа што нема сила на светот која може да натера една заедница ако не сака по свој доброволен избор, да прифати условување дека нејзините корени на постоење се други. Чесен збор, многу ми е полесно да кажам на С. Македонија ќе има успех, пореално ми е дека ќе игра во финалето на Европското првенство во фудбал, отколку дека ќе се реши таков проблем како со Бугарија, изјави Георги Коритаров – Новинар ТВ Европа.

Од друга страна, новинарот од БГНЕС Љупчо Нешков е уверен дека односите меѓу двете земји нема да се заострат… Очекува потегот на Софија да ги натера полтиичарите од двете земји да ги интензивираат преговорите..

-Во бугарската јавност, се анализира и тоа како Европа гледа на блокадата.. поранешниот бугарски амбасадор во Атина Стефан Стојанов во емисијата Bulgaria on air, рече дека меморандумот на Софија е несфатлив за Брисел,изјава – Љупчо Нешков – Новинар БГНЕС.

-Ајде да видиме што има во тој меморандум изложен во ЕУ, во кој ние ги изложивме сите патриотски желби. Смешно е на цивилизирана Европа да и соопштиме колку норми има бугарскиот јазик. Можеби Грција ја интересира тоа прашање? Грција веќе кажа дека има македонски јазик и тоа е јужнословенски јазик. Дали тоа не зближува со Србија, со Романија или Турција?вели – Стефан Стојанов – Поранешен амбасадор на Бугарија во Атина.

Дали и како ветото само ќе одрази на односите меѓу Македонија и Бугарија, ќе се види веќе во декмеври, за кога е закажано продолжението на рабоатата на мешовитата комисија за историски прашања..

Translate »