Средношколец од Сплит отишол на матурска со коњ
Матурантите се повеќе наоѓаат начини да бидат интересни на матурските вечери, таков е случајот со осумнаесетгодишниот Берто Плетикосиќ од Сплит кој на матурската прослава пристигнал на коњ и со тоа го привлече вниманието на хрватските медиуми.
Како што пишува „Далматински портал“, Плетикосиќ е матурант во училиштето за дизајн и графика. Порталот пишува дека матурантот е долгогодишен јавач на тркачки коњи, а воедно е и лиценциран џокеј при Хрватскиот галопски сојуз и има освоено неколку трофеи.
„Кога имав шест години татко ми ме одведе на хиподром и оттогаш ги засакав коњите“, рекол Плетикосиќ.
Матурските прослави во Хрватска се држуваат во април.