Трик кој засекогаш ќе го реши проблемот на смрдливите патики

Смрдливите патики се голем и чест проблем. Летното потење си го прави своето, а ако притоа не носите чорапи тогаш сигурно вашите патики или балетанки непријатно мирисаат. Ваквиот мирис е резултат на бактериите на нозете, па затоа ви препорачуваме пред да ја ставите ногата во летните патики, да ги  измиете стапалата. Добро избришете го делот меѓу прстите бидејќи токму таму се собираат бактериите.

Во патиката или балетанката која мириса , ставете алуминиумска фолија во која сте ставиле мелено кафе. Можете да ставите и кесичка чај или кора од портокал, која ќе ја упие непријатната миризба.

Внатрешноста на патиката, кондурата или балетанката повремено пребришете ја со крпче натопено во алкохол.

Истото можете да го направите и со средстви за чистење раце. Нанесете го на хартиено марамче и пребришете ја внатрешноста на патиката.

Само после една минута, вашите обувки ќе бидат суви и без мирис.

 

Translate »