Општински моќник барал секс како “аконтација за вработување”

Неколку жени го пријавиле претседателот на општината Брус, Милутин Јеличиќ Јутка , поради сексуално вознемирување. Случајот  е во рацете на Обвинителството во Крушевац.

-Милутин Јеличиќ досега го пријавиле пет жени за сексуално вознемирување, уцена и малтертирање, пренесува Блиц, повикувајќи се на судски извори.

Искази дале неговата секретарка и една колешка од редовите на неговата партија, на која тој и помогнал да се вработи во Народната библиотека, по што се обидел да ја силува.  Се пожалиле уште три девојки, на кои Јеличиќ им ветувал вработување ако бидат интимни со него.

Жените сведочат дека претседателот на општината  сексот го нарекувал ” аконтација за вработување”.

Милутин Јеличиќ барал секс од жртвите за да ги вработи

– Првпат кај него отидов во 2014 година бидејки долго време не можев да најдам работа. Уште не бев ни излезена од канцеларијата, а тој ми ја прати првата порака во која ми напиша дека сум го возбудила. Го игнорирав ова, бидејки мислев дека ќе ми помогне да се  вработам  како воспитувачка, за што сум и школувана. Ме канеше на вечери, ми велеше дека треба малку да се “поиграме”. Јас го одбивав, а понудите за работа се намалуваа, од постојано вработување  до  времено, а потоа престана да ветува. На крајот на 2016 година, кога отидов на состанок во  партијата, тој ме повика во канцеларија каде се најдовме сами, без секретарката. Ја искористи можноста, ме зграпчи меѓу нозе , јас скокнав а тој ми се нафрли.  Одвај се извлекол!  – сведочи една од жртвите  на похотниот функционер, додавајки дека пред зградата во кола ја чекал нејзиниот свекор.

За ваквите понуди знаоле нејзиното семејство, но не го пријавувале бидејки би било “нејзиниот збор против неговиот “. Вели дека сега  откако повеќе жени излегле со обвинувања, и таа се осмелила да ја раскаже голготата низ која поминала.

Блиц пренесува дека полицијата добила список на уште десет жени, кои Јеличиќ ги вознемирувал и се очекува и тие да бидат сослушани во наредните денови.

Од  СНС велат дека доколку  се докажат обвинувањата , Јеличиќ ке биде исклучен од партијата.

 

Translate »