Коѕијас доби писмо со куршум, заради “македонското прашање”
Грчкиот портал iefimerida.gr , објави дека пред посетата на Македонија, на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, му било доставено писмо-пратка со куршум.
Пораката била дека куршумот е заради неговата улога во решавање на ,,македонското прашање“. Пратката била дистрибуирана на почетокот од неделата што изминува до Министерството за надворешни работи, адресирана за министерот Коѕијас.