НЕГАТИВНИ НА КОРОНАВИРУС СЕДУМТЕ ПАЦИЕНТИ КОИ ДЕНЕСКА СЕ ТЕСТИРАА

Резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус, соопшти Министерството за здравство.

Пациентите кои денеска се тестираа се од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигнал преку ЦЈЗ Штип.

– Тестот на пациентот од Кочани е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот, се наведува во соопштението.

Translate »