Дали е кафето здраво?
Каков ефект имаат врз организмот три шолји кафе дневно?
Најновите истражува утврдија дека пиењето кафе е поврзано со намалена опасност од дијабетeс, болести на црниот дроб, деменцијата и некои видови на рак.
Луѓето кои пијат три до четири шолји кафе дневно, најверојатно, ќе имаат повеќе корист за своето здравје отколку штета. Научниците велат дека кај нив ќе се намали опасноста од прерана смрт и срцеви заболувања, за разлика од оние кои не пијат кафе.
Најомилен пијалок во светот
Оптималната доза која дава корисни резултати е три или четири филџани дневно,велат научниците. Ова не се однесува на жените кои се бремени.
Студијата на Робин Пул, специјалист за јавно здравје на Британскиот Универзитет Саутемптон се темели врз клинички истражувања.
– Намалениот ризик од прерана смрт e забележан кај луѓе кои пијат три шолји дневно, во споредба со оние кои воопшто не пијат кафе, се вели во студијата.
Кафето е исто така поврзано со помал ризик од неколку видови на рак, меѓу кои рак на простата, рак на матката , кожата и црниот дроб, како и тип 2 дијабетес, жолчен камен и кила , велат истражувачите. Најголемата корист е утврдена кај болестите на црниот дроб, како што е цирозата.