Чувствувате умор? Прочитајте кои витамини ви требаат!
Ви се случува со денови да се чувствувате без енергија и да сакате само да лежите во кревет и да гледате телевизија? Нормално е одвреме-навреме секој да се почувствува вака, но доколку ова ви се случува почесто тогаш дефинитивно ви треба добра доза за енергија.
Многу луѓе се потпираат на кофеинот и на енергетските пијалаци за да можат да ја завршат својата работа, да функционираат освестено, но сепак со прекумерна употреба настануваат несакани дејства. Шеќерот во крвта може да предизвика уште поголема штета, односно да се чувствувате без енергија. Па, доколку сакате да ја зголемите вашата енергија без никакви несакани последици тоа можете да го постигнете со помош на наредниве неколку витамини…
Витамин Б-12
Истражувањата покажале дека голем дел од луѓето имаат недостаток од овој витамин и токму поради тоа се со ниско ниво на енергија, имаат тешкотии во фокусирањето и чувствуваат трнење во прстите на рацете и нозете. Најголемо количество на Б-12 можете да добиете преку јадење говедско место, скуша, школки, благо тофу, кашкавал и јајца. Препорачана дневна доза од овој витамин е 2,4 микрограми.
И покрај тоа што витаминот Б-12 заслужува своја сопствена категорија, тоа не значи дека и останатите Б витамини не можат да ви помогнат со зголемување на нивото на вашата енергија. Покрај Б-12, останатите Б витамини се тијамин (Б-1), рибофлавин (Б-2), нијацин (Б-3), пантотенска киселина (Б-5), пиридоксин (Б-6), биотин (Б-7) и фолна киселина (Б-9). Овие витамини не само што ќе ви помогнат со енергијата, туку исто така тие се познати и како превентива од напади, кардиоваскуларни болести и депресија. Доколку редовно ги конзумирате, не само што ќе се чувствувате одлично, туку и ќе ја подобрите вашата општа здравствена состојба. Најголеми количества на Б комплекс можете да најдете во спанаќот, лососот, компирите и леќата. Препорачана дневна доза: тијамин – 1,1 микрограми, рибофлавин – 1,1 микрограми, ниjацин – 14 милиграми, пантотенска киселина – 5 милиграми, пиридоксин – 1,3 милиграми, биотин 30 – микрограми и фолна киселина – 400 микрограми.
Витамин Д
Витаминот Д не само што ќе ви ја зголеми енергијата, туку и ќе ви помогне при зацврстување на вашите коски и со тоа ќе ви овозможи долг активен живот. Постојат два начини на кои можете да се снабдите со потребното количество од овој витамин во вашето тело. Првиот начин е преку млекото и/или рибата, а другиот начин е преку сончање на топлите и смирувачки сончеви зраци. Доколку решите да се сончате, правете го тоа по 15 минути секој ден.